Околу 40 тони нафта се излеаја во водите на Јужниот Пацифик
Околу 40.000 литри нафта се излеале во водите на Јужниот Пацифик по инцидент на терминалот на рударската компанија на островот, на јужниот дел на Патагонија, објавија чилеанските власти. Инцидентот се случил денеска, за време на активностите на градежна компанија, на терминал на островот Гварело, 250 километри северозападно од Порто Наталес. Нафтата се излеала во зона која припаѓа на области со најчиста вода на планетата и богат екосистем. Локалните власти наредија истрага за тоа што предизвикало истекување на маслото и кој е одговорен за несреќата.