За денеска најавени нови протести во Хонг Конг
Еден ден откако полицијата употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, во Хонг Конг, најавени сенови протести за денеска. Полицијата соопшти дека 11 лица се хоспитализирани по вчерашните протести, а болнички извори соопштија дека 24 лица се повредени во судирите. За денеска попладне, полицијата дозволи да се одржи собир во паркот, но забрани прошетка низ градот како што планира опозицијата, со цел да се спречат нови инциденти.
Протестите се одржаа во Џуен Лонг, каде што десетици луѓе беа претепани минатиот викенд од страна на мафијаши во нападот врз демонстрантите кои се враќаа од протестот во Хонг Конг. Полицијата одби да издаде дозвола за процесот од безбедносни причини за митингот во саботата. Три часа по заминувањето на демонстрантите, полицијата употреби солзавец.