Пожарот кај Шибеник е под контрола
Пожарот во областа на Шибеник e ставен под контрола, објавија локалните медиуми. Пожарникарите го изгасиле пожарот, кој вчера ја зафати боровата шума и им се закануваше на куќите во неколку населби во областа Шибеник. Евакуираните жители и туристи, 48 од нив, се вратиле во своите домови утрината, објави ХТВ.
Во текот на операцијата биле повредени четворица пожарникари, но навреме им била дадена медицинска помош. Командирот на Главната противпожарна бригада Славко Тучаковиќ изјави дека пожарот би можело да се прогласи за локализиран, бидејќи во споредба со тоа каков бил, сега е под контрола.