Борисов: Извинете што реков северномакедонци
![Борисов: Извинете што реков северномакедонци](https://gdb.rferl.org/CCDFBE8F-47FC-47E9-AD1E-558C1D3060FB_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој е во посета на Македонија, денеска на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев се извини за неодамнешното користење на зборот „северномакедонци“ и рече дека го кажал несакајќи.
„Извинете што реков северномакедонци, тоа беше моја грешка. Граѓаните на Република Северна Македонија, простете, но не сакајќи тоа го кажав и беше претставено како да сакам некого да убијам“, изјави Борисов.
На новинарските прашања во врска со изјавите од бугарска страна „дека Гоце Делчев е Бугарин“, Борисов за одговор упати кај историчарот Ангел Димитров, кој заедно со бугарската делегација е во Македонија.