Стефанова: Намерно ме дискредитираат во снимката
Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, чие име се споменува во денешната аудиот снимка на италијанскиот весник „Ла Верита“ за случајот „Рекет“, вели дека ништо од тоа не е вистина и дека таа е „спомната намерно за да биде дискредитирана“.
Стефанова во изјави за неколку македонски медиуми вели дека лично ја слушнала снимката и ги демантира изјавите на Камчев што се слушаат во снимката и додава дека намерно е спомната за да биде дескредитирана, бидејќи, како што вели, Камчев знаел дека се се снима и дека еден ден ќе ги употреби снимките.
Стефанова го водеше случајот „Империја“ против Орце Камчев.