„Ла Верита“ објави втора снимка за случајот „Рекет“
По вчерашната снимка, италијанскиот весник „Ла верита“, денеска објави нови аудиоснимки за случајот „Рекет“, за кои посочува дека во нив се слушаат разговори меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев во врска со случајот „Империја“, како и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева која, според италијанскиот весник, го уверува Камчев да не се грижи и дека сè ќе биде во ред.
Вчера „Ла верита“ ја објави првата видео-снимка за случајот „Рекет“, а неколку часа подоцна, новинарот кој ги објавува снимките, најави нови снимки.
Од весникот за видеото велат дека е снимено во домот на Орце Камчев и дека на него се покажува исплаќањето пари и ветувањето од Бојан Јовановски дека Камчев ќе биде на слобода.