Путин, дваесет години моќ или мисија?
![Путин, дваесет години моќ или мисија?](https://gdb.rferl.org/46B95798-9040-4054-9506-B82418E37C97_cx14_cy6_cw82_w800_h450.jpg)
Претседателот на Русија Владимир Путин беше назначен за премиер на 9 август 1999 година и оттогаш е на власт, или како претседател или како премиер. Приврзаниците го фалат како личност која ја врати националната гордост и ја прошири глобалната моќ на Москва со интервенциите во Сирија и Украина. Критичарите го обвинуваат дека води корумпиран авторитарен систем и оти нелегално го анектирал украинскиот полуостров Крим во 2014 година, потег што меѓународно ја изолира Русија.