Албанската опозиција по одморите продолжува со протестите
Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша најави дека обединетата албанска опозиција во септември ќе продолжи со националните протести. Додаде дека обрачот околу премиерот Еди Рама се стеснува и оти „времето да се поднесе сметка се приближува“. Баша најави ека во септември ќе го потпише договорот за доверба со жителите на населбата „Астир“ чии домови според проектот на Владата треба да се урнат, заради изградба на новата голема обиколница во Тирана. Поради реализација на проектот треба да бидат урнати 330 индивидуални куќи, во кои живеат над илјада лица.
Во документот се изразува поддршка од опозицијата за „протестот на жителите во одбрана на своите домови“.