Јанева доведена во Кривичниот суд
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пристигна во Кривичниот суд. Таа со полициска придружба од нејзиниот дом се упати кон судот, каде ќе биде изведена пред судија од претходна постапка за да одлучи на барањето на Основното јавно обвинитлество по барањето за одредување мерка притвор.
Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле по налог на Обвинителството, а по првиот претрес во нејзиниот дом беше однесена во канцеларијата на СЈО од каде и беше одземен компјутерот, а потоа повторно беше вратена во домот во Козле од каде со камион беа изнесени мебел и други предмети. Претрес беше вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.
ОЈО бара притвот за Јанева поради основано сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и заради стекнување на лична корист. На денешн прес-конференција државниот обвинител Љубомир Јовески информираше дека според досега обезбедените докази има основи за проширување на истрагата за случајот „Рекет“ и врз Катица Јанева.