Влада: Проширувањето на „Рекет“ врз Јанева е доказ дека сите се исти пред законите
Проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ врз специјалната обвинителка Катица Јанева покажува дека во Македонија сите се исти и одговорни пред законите, изјави денеска владиниот портпарол Муамед Хоџа, по приведувањето на шефицата на СЈО и барањето за нејзин притвор.
Хоџа додаде дека извршната власт им стои на онвинителите на располагање за се што е потребно за расчистување на целиот случај.
Владиниот портпарол додаде дека, како што рече, Владата нема да дозволи злоупоутреба на овој случај од страна на непријателите на евроинтеграциските процеси на Македонија“.