Груби - неопходен е ветинг на судии, обвинители и политичари
Неопходен е ветинг за судиите, обвинителите и политичарите, напиша денеска на Фејсбук пратеникот на ДУИ Артан Груби. Тој додава дека гласно говореле за селективната правда и го понудиле инструментот ветинг на судии, обвинители и политичари за да се борат „против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективнсот.
Груби истакна дека граѓаните го прифатиле и пздравиле овој нивен програмски столб „со убеденост дека ќе успееме“, а деновиве, вели Груби, опозициските партии го прифатиле и го ставаат во употреба нивниот наратив и политика.