Тачи за брзо време ќе ги распише предвремените избори во Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска изјави дека наскоро ќе ги распише предвремени парламентарни избори откако денеска се распушти Собранието. Тачи кој има рок од 45 дена да ги распише изборите порача дека е потребна „функционална и одговорна влада што ќе се справува со предизвиците на државата и општеството".
Американскиот амбасадор во Косово, Филип Коснет го поздрави „важниот чекор“ на земјата кон формирање нова влада и охрабри „кампања во која кандидатите нудат нови идеи за разговори со Србија, владеење на правото и економскиот развој“.