Брнабиќ - Заев: Соработка, а не блокади
Северна Македонија и Србија се блиски и пријателски земји со традиционално добри односи, земја со која немаме отворени прашања, изјави премиерот Зоран Заев, по средбата со српската премиерка Ана Брнабиќ. Тој нагласи дека приоритет за двете земји ќе биде продлабочувањето на односите и фокусирање кон иснината.
„Наша трајна и непоколеблива заложба е да ги решаваме сите отворени прашања во регионот преку инклузивен дијалог во интерес на сите граѓани, со цел задржување на трајниот мир, развој на демократијата, економијата и животниот стандард на граѓаните“, истакна на прес-конференцијата премиерот Заев и додаде дека е потребна соработка, а не блокади и фокусирање на иднината, а не на минатото.
„Регионалната соработка во овој момент се соочува со предизвици, да го следиме патот премостувајќи ги бариерите кон слободна трговија, послободен проток на граѓани, стоки, услуги, да се насочиме кон иднината, а многу помалку на она што се случуваше во минатато“, додаде српската премиерка Ана Брнабиќ.