Ердоган до Путин: Силите кои ги поддржувате во Сирија предизвикаа хуманитарна криза
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше денеска со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, при што истакна дека ја разбра загриженоста за тоа што се случува во Сирија, но подеднакво е загрижен и заради новите напади на милитантите од Идлиб, соопшти Кремљ.
Според потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, Ердоган му кажал на Путин дека „нападите на сириската армија кои имаат руска поддршка во северозападна Сирија предизвикале хуманитарна криза и закана за националната безбедност на Турција“.
„Путин во повеќе наврати рече дека ја разбира загриженоста на неговиот турски колега. Но, во исто време, претседателот останува загрижен за започнување активности од страна на терористички елементи од Идлиб кои мора да бидат уништени“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.