Трамп: Кина сака да преговара за трговската војна
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинеските власти преку ноќ ги контактирале американските функционери за трговија и рекле дека сакале да се вратат на преговарачката маса, објавија светските новински агенции.
Трамп ја поздрави оваа вест и ја оцени како позитивен развој за светот. Тој, говорејќи на маргините на самитот Г7, го нарече кинескиот претседател Шји Џјинпинг голем лидер и рече дека ја поздравува неговата желба за договор и смирување на ситуацијата.
Трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот во петокот нагло ескалира додека двете страни реципрочно ги зголемија царините за извоз.