„Силување на природата“ како феминистичка перспектива за климатските промени
„Силување на природата“ е насловена заедничката изложба на нашата Шќипе Мехмети и нејзината колешка Сузана Ардо од Велика Британија, што од 27 август до 17 септември ќе се одржи во Галерија 8, во старата Скопска чаршија. Станува збор за проект премиерно претставен во Париз, Франција.