Драшковиќ: Србија ќе изгуби милијарди евра донации од ЕУ ако влезе во Евроазиската унија
Поранешниот шеф на дипломатијата на СРЈ и актуелен претседател на Српското движење за обнова (СПО), Вук Драшковиќ, ја критикуваше намерата на властите за приклучување на Србија во Евроазиската унија, потсетувајќи дека по падот на Слободан Милошевиќ, целта на сите српски влади е членството на Србија во ЕУ.
„Сите говорат дека патуваме кон Брисел, а патувавме во спротивна насока. ЕУ е далеку, а во октомври и ќе се приклучиме во Евроазиската унија. Земјите на ЕУ донираа, ѝ подарија на Србија повеќе од три милијарди евра, а САД една милијарда. Граѓаните во Србија тоа не го знаат. Им веруваат на медиумите дека од Западот стигаат само закани и уцени, а Русија и Кина се донатори и добродетели, иако подароци од овие земји нема“, пишува Драшковиќ во српски „Данас“, додавајќи дека со зачленувањето во Евроазискиот сојуз на Русија, Србија ризикува да изгуби милијарди евра донации, субвенции и грантови од претпристапните фондови на ЕУ.