Брегу: Ризик е Македонија и Албанија да не добијат датум од ЕУ
Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, изјави дека ЕУ секогаш ќе биде недовршена работа без Западен Балкан, а цената на стагнацијата и натамошно одложување на пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија е ризик.
„Неотварањето преговори би донело нестабилност, емиграции, неконструктивно влијание на други геополитички актери“, рече Брегу на панелот за Западен Балкан на Бледскиот стратешки форум. Таа додаде дека секој позитивен момент лесно може да се загуби доколку преку перспектива на членството се продолжи со одлагање на решавање на проблемите.
На форумот за Западен Балкан со кој беше затворена конференцијата во Блед учествуваа повеќе влијателни гости од ЕУ и САД и министри за надворешни работи од регионот, меѓу кои и шефот на дипломатијата на Северна Македонија, Никола Димитров.