Извештајот за разрешување на Катица Јанева останува таен
Советот на јавните обвинители не го прифати барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева, кое е поднесено до Собранието, со што извештајот останува таен.
Таква одлука е донесена бидејќи истрагата за Јанева е сè уште отворена и класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од Извештајот, стои во образложението на одлуката на Советот на јавни обвинители.
„Извештајот за утврдена фактичка состојба, број 03-133/6 од 29.8.2019 година, поднесено до Собранието на Република Северна Македонија, не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата што се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка", пишува во обрзложението на Советот.
Седницата на собраниската Комисија е закажана за утре.