Заев повикува на одговорно однесување
"Еве ја Република Северна Македонија пред позитивната одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ. Еве сме на заокружувањето на интеграциите, како 30-та земја членка на НАТO", изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на традиционалниот пикник по повод Денот на независноста што партијата го организира во Комплексот Пеленица кај скопско Драчево.
Чекориме напред, рече Заев и истакна дека е јасно оти сме на прав пат.
"Имаме многу да сработиме и немаме простор да сме комотни. Барам фокус кон обврските за коишто како партија и како Влада, добивме мандат од граѓаните. Потребни ни се способностите на секој поединец, на секој од вас! СДСМ е таа државотворна партија со која се безбедни и државата и граѓаните", истакна премиерот.
Повика, посебно во значајниот период пред нас, на совесно и одговорно, државотворно однесување од страна на секој граѓанин, на сите политички партии, организации, во името на добрата иднина на сите, во име на доброто на држават и на сегашните и идните генерации