Мицкоски го честиташе Денот на независноста
"Денес на 2.764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно". Ова го наведе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски во својата честитка, испратена од врвот на планината Кораб, по повод Денот на незвисноста.
"Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме. Среќен роденден Македонијо", порачува лидерот на опозицијата.