Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО
Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО и, како што соопшти ЈО, предметите се доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.
Во СЈО ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители.