Јовески: „Рекет“ се расветлува без странични влијанија и со релевантни докази
Постапката за расветлување на аферата наречена „Рекет“ оди сеопфатно без странични влијанија со обезбедување релевантни докази против инволвираните во кривично правните дејствија, изјави денеска јавниот обвинител Љубомир Јовевски на панелот „Како против корупцијата“, во рамки на Третата пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во РСМ.
Осврнувајќи се на борбата против корупција, Јовевски рече дека тој феномен го разјадува секое општество и затоа е неопходно ефикасно справување и тоа не само, како што посочи, заради Брисел или евроатлантските аспирации, туку заради нас, заради граѓаните и заради државата.