Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак
Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак, пренесоа новинските агенции. Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.
Беше претседател на Франција во два мандата - од 17 мај 1995 до 16 мај 2002 година и од 17 мај 2002 до 17 мај 2007 година.
Ширак претходно беше градоначалник на Париз.