Бизнисот со медицинска марихуана засега жив зијан, профитот допрва се очекува
Бизнисот со марихуана за медицинска употреба се уште не почнал да носи пари. Производителите ги чекаат законските измени да може да им се дозволи извоз на сув свет. Активистите бараат либерализација за да може и луѓето сами да си произведуваат, а не само лиценцирани производители. Властите очекуваат овој бизнис да носи по 100 милиони евра годишно.