Полицаец убил четворица колеги во Париз со нож, па го убиле
Вработен во полициска станица во Париз до смрт избодел четворица полицајци пред да биде застрелан од друг полицаец.
Засега нема информации за мотивите на нападот кој се случи во срцето на главниот град на Франција во близина на катедралата Нотр-Дам.
Истрагата се сомнева дека нападот бил предизвикан од расправија на работното место. Ова е најсмртоносен напад врз полицајци во Франција во изминатите години.
Областа околу станицата, како и најблиската метро станица се затворени од безбедносни причини.
Полициски извори велат дека напаѓачот бил вработен во полициската администрација, но нема официјална потврда на ова.
Нападот се случува еден ден по протестот на француските полицајци за подобри услови за работа, имајќи го предвид зголемениот број самоубиства меѓу полицајците.