Заев: Ако некој не блокира на патот кон ЕУ, планот Б е да го вратиме планот А
Немаме план „Б“ ако некој тргне кон блокада. Планот „Б“ е да го вратиме на планот „А“ зашто веруваме дека сите аргументи на светот се обезбедени низ болниот процес што го помина нашата земја, но не очекувам Бугарија или Грција да ги блокираат нашите евроатлантски интеграции, туку напротив да бидат наша авангарда и наши адвокати да се залагаат за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање.
Тој по објавувањето на бугарските црвени линии за историјата прецизира дека на македонската комисија и дава насоки да не се залагаат за воспоставување на апсолутната историска вистина, туку да утврдат одредени факти кои досега се констатирани, но низ призмата на пријателство за да се постигне целта – да бидат модерни европски држави со модерни европски народи.
Комисиите, како што кажа, не треба да имаат аспирации да утврдат конечна историја и додаде дека „со договорите со Бугарија и Грција нема сомнеж за идентитетот“ и прецизира дека „бугарскиот премиер Бојко Борисов во Монополот во Скопје говорел за македонски народ исто како што тој отворено зборува за заедничка историја“.