Бојан Јовановски на исказ кај Русковска
Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски Боки 13, беше спроведен во Обвинителствтото за гонење организиран криминал и корупција, каде треба да даде исказ за предметот во кој е првоосомничен.
Според Обвинителството, Бојан Јовановски, преку тргување со влијание издејствувал преку поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба.
Јанева е третоосомничена во предметот „Рекет” за злоупотреба на службена положба и овластувања. Јовановски, заедно со Зоран Милески – Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски и за перење пари.
Рокот за поднесување обвинение по случајот истекува в четврток.