Кина по барањето на Трамп за Бајден: Нема да им се мешаме во внатрешните работи
![Кина по барањето на Трамп за Бајден: Нема да им се мешаме во внатрешните работи](https://gdb.rferl.org/D248473A-5A05-4713-A69D-878AFDF19615_w800_h450.jpg)
Кина нема намера да се меша во внатрешните работи на САД, одговори портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на прашањето што ќе направи Пекинг во врска со преглогот на американскиот претседател, Даоналд Трамп, Кина да ги истражи неговиот политички противник, Џо Бајден и неговиот син, пренесе новинаската агенција Ројтерс.
Откако во САД му беше покрената истрага за импичмент по наводното барање до украинскиот претседател, Володомир Зеленски, да ги истражи Бајденови, Трамп ѝ предложи и на Кина да направи истрага за Џо и неговиот син Хантер, кој имал бизнис интереси во Кина.
Трамп изјави дека Бајден и неговиот син се „корумпирани“, но не покажа докази за да го поткрепи своето тврдење, пренесува Ројтерс.