„Саут парк“ со подбивно извинување за Кина
Креаторите на сатирична анимирана серија „Саут парк“ ѝ дадоа на Кина „подбивно извинување“, откако во медиумите беше објавено дека анимираното шоу веќе не е достапно на некои кинески веб-страници. Епизодата „Бенд во Кина“, објавена на 2 октомври, ги критикуваше политиките на Кина за слобода на говорот, како и напорите на Холивуд да ги обликува своите филмски и телевизиски содржини во последните години, за да избегне лутите цензури на огромниот кинески пазар.
"Им поакуваме добредојде во нашите домови и срца на кинеските цензори. Ние, исто така, повеќе ги сакаме парите од слободата", напишаа креаторите Треј Паркер и Мет Стоун, на Твитер, со наслов "Официјално извинување за Кина “.
„Да живее Големата комунистичка партија на Кина! Есенската жетва може да почне. Дали сме сега добри?“, додаваат Паркер и Стоун.
Пребарувањето на Ројтерс на Интернет покажало дека на iQiyi и Youku Tudou, две кинески веб-страници за видео стриминг, бараните епизоди на „Саут парк“ не се достапни.