ЕУ по изборите во Косово: Укинување на таксите и продолжување на дијалогот со Белград
Брзо формирање власт по косовските избори, продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и укинување на таксите на српската стока, апелираше денеска Европската унија до Косово, на што се надоврзаа и шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, и еврокомесарот Јоханес Хан кои рекоа дека по мирните и добро спроведени избори, очекуваат формирање Влада во Косово.
„Тоа е неопходно за Косово да може брзо да продолжи со работата на реформите со цел поддршка на економскиот и социјалниот развој, владеење на правото, но и за продолжување на примената на Договорот ЕУ-Косово за стабилизација и асоцијација и продолжување на дијалогот со Белград, за кој посредува ЕУ“, се наведува во заедничкото соопштение.
Портпаролката на ЕУ изјави дека со новата влада на косово нема да се променат ставовите на ЕУ.
„Ставовите на ЕУ не се сменети, таксите мора да се укинат, порача портпаролката на Унијата Маја Коцијачич.
Тие изразија очекување дека сите политички актери ќе останат посветени на овие процеси кои се важни за иднината на Косово, неговиот пат кон ЕУ, како и за благосостојба на граѓаните на Косово и целиот регион.