Владата во Еквадор преместена од главниот град, претседателот обвини за пуч
Илјадници демонстранти излегоа на улиците на главниот град на Еквадор, Кито, поради покачувањето на цената на горивата, а неколку стотини од нив беа уапсени во судирите со полицијата, пренесе Би-Би-Си.
Поради најголемите немири во последните децении во Еквадор, претседателот Ленин Морено ја премести времено Владата во крајбрежниот град Гајакил и орече дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивата, и при тоа ги обвини неговите противници дека се обиделе да извршат државен удар, пренесува Би-Би-Си.
Тој ги обвини неговиот претходник Рафаел Кореа и венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека стојат зад, како што рече, „планот за дестабилизација“.