ЕУ до Џонсон: Престанете со вашата глупава игра на обвинувања за Брегзит
Европската унија ја обвини Велика Британија дека игра „глупава игра на обвинување“ во врска со Брегзит, откако извор од Даунинг стрит во неколку медиуми изјавил дека германската канцеларка Ангела Меркел поставила неприфатливи барања, пренесе агенцијата Ројтерс.
Изворот од Даунинг стрит рекол дека Меркел и британскиот премиер Борис Џонсон разговарале денеска претпладне и германската канцеларка јасно кажала дека постигнувањето на договор е „речиси неверојатно“.
Меркел му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека е „речиси неверојатно“ да се постигне договор за Брегзит, освен ако Велика Британија не ја остави Северна Ирска во царинската унија.
„Меркел рече дека Германија би можела да ја напушти ЕУ без никакви проблеми, доколку сака, но дека Велика Британија не би можела да го стори тоа доколку Северна Ирска не остане во царинската унија“, пренесува „Ројтерс“.