Заев: Предвремени избори 45 дена пред редовните
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно 45 дена пред редовните.
„Надежта за конечни одлуки за стратешките цели за државата ќе бидат исполнети сега во средината на октомври, декември-јануари или февруари, во зависност од одлуките на Шпанија за НАТО. Земјите како Бугарија, Хрватска или Романија, кога станува членки на НАТО и кога ги отвораа процесите на преговори со ЕУ, буквално живееја меден месец, период кој не се повторува. Ова е тој период, кој ние буквално не можеме да очекуваме дека сериозно ќе се повтори во иднина и тоа се причините зошто сметаме дека треба да се оди на редовни избори“, рече Заев, при денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес.
На новинарско прашање дали веќе е отпочната изборната кампања тој рече дека оваа кампања која моментално ја водат е за да се финализираат двегодишните активности на Владата и да отворат дебата.
Тој додаде дека се прави ребрендирање на СДСМ, со цел партијата дефинитивно да се промени, да се модернизира и биде од помош на државата и граѓаните, а дека црвената боја во новото лого, рече дека „црвената е наша македонска боја“.
„Тоа е нашето знаме. Црвената боја во секакви нијанси. Тоа е бојата на социјалдемократските партии пред се во Европската Унија и на социјалдемократските партии ширум Европа“, рече Заев.