Во Виена уапсени луѓе кои нелегално продавале државјанства
Службеници во Виена се обвинети дека нелегално продавале државјанства. Станува збор за 51 службеник, кои ги продавале државјанствата по цена и до девет илјади евра. Предводничка на групата продавачи на државјанства била државјанка на БиХ, на која и се заканува казна затвор до 10 години. Државјанство купиле 47 луѓе, најголем дел од нив од Балканот, меѓу нив и шест Македонци.