ММФ - Трговските војни закана за глобалната економија
Новата шефица на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева во својот прв говор како извршен директор на организацијата, рече дека трговските војни се закануваат дека ќе ја поткопаат глобалната економија, што веројатно ќе резултира со најмал раст за скоро една деценија.
Таа рече дека годинава се очекува побавен раст во скоро 90 проценти од светот.
За забавувањето на растот ги обвини се поголемиот број на трговски конфликти во светот. Споровите би можеле да значат загуба на околу 700 милијарди американски долари до крајот на 2020 година, што е околу 0,8 проценти од светскиот бруто домашен производ.
Георгиева го презеде раководството на ММФ овој месец по оставката на Кристин Лагард, која сега е шефица на Европската централна банка.