И таткото на Бојан Јовановски не се чувствува виновен
И Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски - Боки 13, првоосомничениот во „Рекет“ и во новата истрага за измама поврзана со „Меѓународен сојуз“, изјави дека не чувствува вина.
Тој денеска беше на распит во кривичниот суд.
„Не се чувствувам виновен и не сум учествувал на состаноци за изградба на домови како дел од Меѓународниот сојуз“, рече Миле Јовановски на излегување од Кривичниот суд.
Покрај Јовановски денеска во Кривичниот суд беше и пратеничката Фросина Ременски откако вчера беше Јавното обвинителство отвори истрага за измама поврзана со Меѓународниот сојуз на Боки 13. И таа се изјасни за невина.