Уапсени бизнисмени поврзани со адвокатот на Трамп
Двајца бизнисмени од поранешниот Советски сојуз се уапсени во Флорида за наводно кршење на законите за финансирање на кампања во САД. Според властите, уапсени се Лев Парнас, роден во Украина и Игор Фруман, роден во Белорусија кои се поврзуваат со личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани. Тие се осомничени дека се обидувале со странски пари да финансираат кандидати за федерални и државни функции.
Нивниот адвокат Џон Доуд одби да ги коментира обвинувањата. Парнас и Фруман изјавиле дека го запознале Џулијани преку украински политичари. Нивното апсење доаѓа во време кога Трамп се соочува со истрага за импичмент поврзана со телефонскиот разговор меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски.