Јункер - Ако сакаме да бидеме почитувани мора да ги одржуваме ветувањата
Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел.
На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето, треба да се соочиме со сериозни критики.
„Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања“, изјави Јункер.