Туск најави дека ќе препорача ново одложување на Брегзитот
![Туск најави дека ќе препорача ново одложување на Брегзитот](https://gdb.rferl.org/BE0AED5E-6323-4F20-823C-17018659F302_cx55_cy19_cw45_w800_h450.jpg)
Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека ќе препорача Европската унија да го одобри барањето на Британија да биде продолжен рокот за Брегзитот, предвиден за 31 октомври. Тој на Твитер напиша дека ќе ги повика преостаните 27 членки на Унијата да одобрат уште едно одлагање на Брегзитот без да наведува детали. Британскиот парламент синоќа начелно го изгласа законот за спроведување на договорот за Брегзит кој премиерот Борис Џонсон го постигна со ЕУ во минатата недела. Меѓутоа, потоа парламентот го отфрли владиниот предлог на роковникот за дебатата за овој закон.