На изборите ВМРО-ДПМНЕ со „Рекет“, власта со НАТО
Според аналитичарите, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напаѓа власта за криминал и неостварени ветувања, но ќе мора да го каже својот став за Договорот од Преспа. Власта, пак, ќе се фали со НАТО, со некои реализирани ветувања, а ќе мора да одговори како во ЕУ и покрај блокадата.