Џонсон го обвинува Парламентот за одложување на Брегзит
Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека е вина на Парламентот, а не негова, што земјата нема да ја напушти ЕУ, како што беше предвидено на 31 октомври.
Лидерите на земјите членки на ЕУ се согласија Брегзитот да се одложи до 31 јануари, откако британскиот премиер не успеа да ги натера британските пратеници да го ратификуваат неговиот договор за излез од Унијата до крајот на октомври.
Џонсон со месеци велеше дека Британија ќе ја напушти Унијата на 31 октомври, со договор за Брегзит или без него.
Неговиот портпарол, вели дека Џонсон обезбедил нов договор, но дека парламентот го блокираше. Тој вели дека Џонсон ќе одговори на понудата на ЕУ за одложување на излезот од Унијата, штом ќе ги разгледа деталите.