Во СМС порака за „Монструм“ - Зад убиствата стојат професионалци
На денешното рочиште за случајот Монструм, за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012, се читаат СМС пораки во врска со случајот.
Беа прочитан пораки меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и тогашниот заменик министер за внатрешни работи Џелал Бајрами. Бајрами му пишува на Ахмети дека станува збор за професионалци и дека тоа го немало нити во војната во Косово, ниту во војната во 2001, а наликувало на војните во поранешна Југославија.
За петкратното убиство обвинети се Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири. Во првото судење тие беа обвинети на доживотен затвор, но во 2017 Врховниот суд ја укина пресудата, а случајот го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.