Никако да се оцени обвинението за организаторите на „27 април“
Советот за оценка на обвинителен акт, кој постапува по обвинението поврзано со случајот „Организација на настаните од 27 април 2017“, по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната ѝ дозволи увид во комплетниот доказен материјал.
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека одбраната поднела барање за изземање на сите судии кај кои согласно АКМИС – системот беше распределен актот, бидејќи тие учествувале во други постапки поврзани со тој настан и затоа биле изземени 8 од 9 судии во Одделението за организиран криминал и корупција. З
а да не се дозволат дополнителни одолговлекувања на оценката, како што велат од велат од Основниот кривичен суд Скопје, предметот беше распределен кај Совет од одделот Кривично полнолетни.
Основното јавно обвинителство за организација на „27 април“ ги сомничи поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски и поранешниот заменик началник во петтата управа Никола Бошковски. За насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.