Франција ќе ја враќа контролата на миграцијата
Франција треба да ја поврати контролата на миграцијата, изјави денеска францускиот премиер Едуард Филипе. Тој денеска рече дека мора да ја вратат контролата на нивната миграциска политика, но дека новиот пристап за имиграцијата нуди „фер баланс помеѓу правата и обврските“.
Премиерот вели дека сака да утврди квоти за одредени аспекти на миграцијата, но не даде образложение.
Подоброто регулирање и спречување на имиграцијата е тема за која претседателот Емануел Макрон рече дека ќе биде во центарот на следните претседателски избори во 2022 година.