Времето денеска: претежно облачно со повремен дожд
![Времето денеска: претежно облачно со повремен дожд](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx45_cy15_cw29_w800_h450.jpg)
Ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде од шест до 12, а дневната од 11 до 22 степена. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 11, а дневната ќе достигне до 17 степени.