Димитров и Дендиас - Интензивирање на соработката преку спроведување на Договорот од Преспа
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Дендиас на средбата на маргините од Светскиот економски форум во Женева зборувале за најновата состојба во билатералните односи, состојбите во регионот, како и неговата европска перспектива по исходот на последниот Европски совет.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Димитров изразил задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.
Двајцата министри се согласиле за можностите за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирањето на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, преку понатамошната имплементација на Преспанскиот договор.