Поднесени предлози за една изборна единица и отворени листи
Иницијативата за една изборна единица денеска поднесе два предлога за измени и дополнувања на Изборниот законик, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеничката Лилјана Поповска. Едниот предлог се однесува на тоа од шест изборни единици да се направи една изборна единица, а вториот се однесува на предлогот да има отворени листи на локалните избори, еднаков број жени и мажи и на локалните и на парламентарните избори и механизам за избор на паритетна застапеност на советниците на листите, изјави Поповска.
На прашањето околу тоа дали имаат доволна поддршка за да се изгласаат предлозите во Собрание, Поповска рече дека имаат поддршка од над 61 пратеник, од владејачката СДСМ, како и од други партии.