Лавров - САД немаат доказ дека го кршиме Договорот за ракетите со среден дострел
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Соединетите Држави немаат доказ дека Москва распоредила ракета со среден дострел со што го крши Договорот за распределба на нуклеарни сили.
Претходно годинава, Вашингтон се повлече од Договорот по неколкугодишни обвинувања дека Москва развила копнена крстосувачка ракета со што го прекршила договореното.
„Веќе неколку години баравме од Американците да презентираат конкретни факти кои можат да ги потврдат нивните наводи за повреда на договорот, но тие несомнено одбија да го сторат тоа“, рече денеска Лавров на конференцијата за нуклеарно проширување која се одржува во Москва.
Лавров исто така рече дека и Русија ќе распореди ракети со среден дострел во Европа, ако САД тоа први го сторат.