„Медена земја“ доби номинација на „Европските филмски награди“
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, кои ги доделува „Европската филмска академија“.
Денеска во Севиља, Шпанија, беше соопштено дека македонскиот документарец е меѓу петте кандидати за наградата најдобар европски документарец за 2019 година.
Неодамна американскиот „Лос Анџелес тајмс“ го стави „Медена земја“ меѓу најсериозните кандидати за Оскар.